Проектот за заштита на градежна јама и нејзино одводнување е клучен за обезбедување на стабилноста и безбедноста на целиот процес на изградба.


Без адекватна заштита на градежната јама, постои ризик од колапс на ископот, неконтролирано дотекување на подземна вода во градежната јама, што може да предизвика големи штети како по животот на работниците, така и на околните објекти и инфраструктура.

Целта на овие проекти е да се предвидат мерки и техники со кои ќе се превенираат овие ризици, па од тој аспект овие проекти се основа за успешна и безбедна реализација на градежните активности.


Тимот на АТА Инженеринг нуди комплетна документација за проектираната заштита која може да биде различна согласно условите и потребите на проектот: (широк ископ, кампадна изведба на подрумски платна и плочи, заштита со примена на колови, диафрагми, шпундови подгради, примена на тн. берлински ѕид и т.н.)

Контакт

АТА Инженеринг ДООЕЛ – Скопје

Друштво за инженеринг, градежништво и трговија

Телефон: +389 75 231 903

E-mail: info@ataengineering.com.mk

Адреса: Никола Тесла 16-3/2, 1000 Скопје, Македонија

Отворени сме за соработка, дозволете ни да бидеме вашиот партнер до успехот. Контактирајте нѐ денес за да дознаете како можеме да ви помогнеме да ги реализирате вашите идеи.