Заштитните објекти и потпорните конструкции имаат широка примена во градежништвото за заштита и стабилизација на терените.
Овие конструкции се користат за спречување на ерозија, за санација на свлечишта и други природни појави кои можат да предизвикаат штети врз инфраструктурата, а често пати се користат и како потпора на коловозните и железничките конструкции, ископите за објекти и слично.
Потпорните конструкции обезбедуваат стабилност и безбедост, особено во подрачја со сложени геотехнички услови.
Тимот на АТА Инженеринг нуди комплетна документација за различни типови на потпорни тела и конструкции како (масивни потпорни ѕидови, габионски потпорни конструкции, армирано-бетонски конзолни ѕидови, анкерирани ѕидови, плитко и длабоко фундирани потпорни конструкции и сл.)

Контакт
АТА Инженеринг ДООЕЛ – Скопје
Друштво за инженеринг, градежништво и трговија
Телефон: +389 75 231 903
E-mail: info@ataengineering.com.mk
Адреса: Никола Тесла 16-3/2, 1000 Скопје, Македонија
Отворени сме за соработка, дозволете ни да бидеме вашиот партнер до успехот. Контактирајте нѐ денес за да дознаете како можеме да ви помогнеме да ги реализирате вашите идеи.
