Врз база на претходни геотехнички истражувања на застапените материјали во подлогата и извршената проценка на слегањата во тие средини, неопходно е да се избере правилен тип на темелење на објектот, бидејќи темелот е дел од објектот кој врши трансфер на напрегањата и товарите врз подлогата, притоа темелењето може да биде плитко или длабоко во зависност од товарите, подлогата и намената на самиот објект. 

 

Во дадени ситуации поради статичкиот систем на објектот, економската исплатливост и сл. наместо промена на системот на фундирање може да се изврши и подобрување на носивоста на подлогата која може да биде механичка, хидрауличка, физичка или хемиска модификација со примена на различни методи и техники кои ќе ги задоволат проектните критериуми.

 

Тимот на АТА Инженеринг ќе ве насочи кон правилната одлука и оптималното решение за вашиот објект преку пресметка и проценка на слегањата на објектот, напрегањата кои би се генерирале во подлогата, типот на фундирање и подобрување. Со правилни пресметки и проценки ќе постигнете сигурност и стабилност на вашиот објект.

Контакт

АТА Инженеринг ДООЕЛ – Скопје

Друштво за инженеринг, градежништво и трговија

Телефон: +389 75 231 903

E-mail: info@ataengineering.com.mk

Адреса: Никола Тесла 16-3/2, 1000 Скопје, Македонија

Отворени сме за соработка, дозволете ни да бидеме вашиот партнер до успехот. Контактирајте нѐ денес за да дознаете како можеме да ви помогнеме да ги реализирате вашите идеи.