Стабилноста на косините е критичен аспект во областа на геотехничко проектирање. Пресметката на стабилноста се однесува на проценка на веројатноста на лом или ерозија на косината. Ова вклучува различни математички и материјални модели и инженерски пристапи за да се проценат потенцијалните ризици и да се разработат соодветни мерки за заштита. 

 

 

Заштитата од одрони и ерозија на косините е важна поради нивниот потенцијал да презвикаат материјални штети, затворање на пристапи или други опасности по безбедноста на луѓето и инфраструктурата. Овие мерки вклучуваат анкерирање на косините, површинско и подземно одводнување на теренот, стабилизација со геосинтетици, поставување на мрежи и други техники кои ќе го намалат ризикот од овие појави. 

 

 

Пресметката на стабилноста е широко распространета во градежниот, рударскиот и други сектори. Овие пресметки и проценки се важни за ефикасно и безбено управување со геотехничките ризици, и заштедуваат финансии и средства при управување на објектите.

 

Тимот на АТА Инженеринг нуди проектни решенија, мерки кои вклучуваат: репрофилирање и растеретување на косини, површинско и подземно одводнување на теренот, стабилизација со геосинтетици, геокомпозити, мрежи, анкери и разни комбинации на мерки.

Контакт

АТА Инженеринг ДООЕЛ – Скопје

Друштво за инженеринг, градежништво и трговија

Телефон: +389 75 231 903

E-mail: info@ataengineering.com.mk

Адреса: Никола Тесла 16-3/2, 1000 Скопје, Македонија

Отворени сме за соработка, дозволете ни да бидеме вашиот партнер до успехот. Контактирајте нѐ денес за да дознаете како можеме да ви помогнеме да ги реализирате вашите идеи.