Свлечиштето е геолошка појава, природен феномен, кој се јавува кога поголема маса на почвен или карпест материјал почнува да се движи под дејство на гравитацијата. Овие движења на земјената маса можат да бидат поттикнати од различни ендогени или егзогени фактори.

 

За таа цел санацијата и мониторингот на свлечиштата претставува клучна активност за обезбедување на стабилност и безбедност на теренот подложен на овие процеси. Проектирањето на санацијата започнува со детално геотехничко истражување кое вклучува, детална теренска проспекција, анализа на материјалите, геолошките, хидрогеолошките и морфолошките услови на теренот и врз база на овие податоци се прави идентификација на причините, механизмот и типот на појава на свлечиштето.

 

Санацијата и мониторингот на свлечиштата обезбедуваат долгорочна стабилност на терените, спречуваќи штетни влијанија врз инфраструктурата и опасност по безбедноста на луѓето. Правилно изработениот проект гарантира ефективна превенција и заштита од ваквите појави.

 

Тимот на АТА Инженеринг нуди проект во кој се предвидени сите мерки за санација, фази на изградба и планови за мониторинг на свлечичиштата.

 

Контакт

АТА Инженеринг ДООЕЛ – Скопје

Друштво за инженеринг, градежништво и трговија

Телефон: +389 75 231 903

E-mail: info@ataengineering.com.mk

Адреса: Никола Тесла 16-3/2, 1000 Скопје, Македонија

Отворени сме за соработка, дозволете ни да бидеме вашиот партнер до успехот. Контактирајте нѐ денес за да дознаете како можеме да ви помогнеме да ги реализирате вашите идеи.